За Екосто
Убавиот вкус е нашата рецепта уште од 2005 година.
Производство
Компанијата “Екосто” Доо Стојаково е присутна на пазарот од 2005 година. Со цел да понудиме подобар квалитет и вкус на пазарот, континуирано ги осовременуваме постоечките капацитети за производство. Дополнителен двигател за ова осовременување се европскиот пазар, зголемениот обем на производство и секако проширувањето на палетата на производи.
Нашиот пристап
Вкупното производство на годишно ниво се подготвува за познати купувачи особено за странските пазари – по стандарди кои ги налага заедницата. Сировините се од домашен пазар. Произведени на отворен простор и во оранжерии од производители во Македонија – кои произведуваат корнишони, цвекло, црвена пиперка, морков, зелен патлиџан, карфиол, феферони и други видови на зеленчук.
Досегашниот начин на производство ги исполнува стандардите за квалитет (според нашите клиенти и крајниот потрошувач).
Овие производи се користат за секојдневна исхрана и се продаваат во супермаркетите каде што фирмата ги извезува производите. Сите анализи за безбедноста и квалитетот се на највисоко ниво и се во согласност со барањата на законот за безбедност на здрава храна и НАССР принципите.
Фирмата Екосто ја планира продажбата секоја сезона, а според тоа го планира и откупот на зеленчуци. Пред да започне откупната сезона фирмата прави план за пласман на производите и го започнува планираното производство.
Пазарот на купувачи го има дефинирано преку истражување на пазарот, спроведено од менаџерскиот тим од на Екосто.
Купувачите се тие кои го потврдуваат квалитетот на производите. Оваа перцепција придонесува фирмата да ги развива своите капацитети согласно сигналите од пазарот и крајните потрошувачи.
Фирмата од своето постоење до денес има инвестирано во основни средства, подобрување на технологијата, обука на кадри и маркетинг. Во текот на работењето ги следи европските стандарди и трендови и се стреми кон постојано подобрување.